Свет Балкан Вагони од товарен воз излетале од шини

Вагони од товарен воз излетале од шини

Празни вагони од товарен воз на железничка линија меѓу Атина и Солун излетале од шини, но жртви нема, јавија грчки медиуми.

Запрено е движењето на таа железничка линија во Грција, а патниците кои ја користат таа линија се превезуваат со автобуси.

Инцидентот се случил во реонот Амфиклија. Причина за излетувањето на вагоните најверојатно е лизгање на земјиште поради поројните дождови.