Македонија В петок седница за одземање на мандатите на опозицијата

В петок седница за одземање на мандатите на опозицијата

За петок, во 14 часот, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја закажа седницата на која единствена точка на дневениот ред ќе биде предлогот за одземање на пратеничките мандати на опозициските пратеници.

Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања претходно констатираше дека 31 пратеник од опозицијата биле неоправдано отсутни.

За да биде одземен мандат, потребно е 82 пратеника да гласаат за предлогот, што значи дека за одземање на пратеничките мандати, на седницата треба да бидат присутни сите пратеници на целата владејачка коалиција.