Македонија Утре привремен прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Утре привремен прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, помеѓу планинскиот превој Пресека и селото Врбјани, утре сообраќајот ќе биде во прекин 15-20 минути, помеѓу 12 и 14 часот, информира Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ).

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и низ засеците, на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.