Македонија Утре почнува летното сметање на времето

Утре почнува летното сметање на времето

Со поместување на стрелките на часовникот еден час нанапред, утре, во 2 часот наутро, почнува летното сметање на времето, кое ќе трае до последната недела од октомври оваа година.

Утре часовниците треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно првпат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа.

Сега се практикува во 70 земји.