Македонија Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Утре ќе се одржи нов состанок на работната група за ДИК

Членовите на работната група за Државната изборна комисија (ДИК) утре повторно ќе седнат на маса.

Тема на разговорите, како и на првиот состанок, ќе бидат измените на законите поврзани со изборите, составот на ДИК и избирачкиот список, а можно е утре првпат да се отвори и темата за гласањето на дијаспората.

Измените во ДИК и во изборното законодавство беа предвидени со Договорот од Пржино.

На состанокот ќе присуствува и белгискиот експерт Питер ван Хојте.