Македонија Усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата за надзор на УБК

Усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата за надзор на УБК

На денешната прва седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, без расправа, едногласно, беше усвоен предлог-деловникот за работа на Комисијата.

На седницата беше присутен и директорот на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев.

Комисијата за својата работа најмалку еднаш годишно поднесува извештај до Собранието на Република Македонија. Инаку, Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР има претседател, осум члена, заменик-претседател и осум заменик-членови.