Македонија Уставните измени за бракот и за финансиските зони ја минаа комисиската расправа

Уставните измени за бракот и за финансиските зони ја минаа комисиската расправа

Собраниската комисија за уставни прашања  пред малку ги прифати предлог-амандманите со коишто бракот се дефинира како животна заедница само меѓу една жена и еден маж и уставниот амандман којшто се однесува на основање меѓународни финансиски зони.

Комисијата денеска ги разгледува осумте предлог-амандмани на Уставот, за коишто Собранието треба да се изјасни на седницата закажана за 20 јануари.

Со предлог-амандманите кои се на дневен ред се предвидува дека дефицитот на буџетот не смее да надмине три отсто од БДП, а јавнот долг да не смее да надмине ниво од 60 отсто од БДП, потоа преименување на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија, Собранието да го избира и разрешува главниот ревизор, Судскиот совет да го сочинуваат 15 члена, за одлучување по уставна тужба поднесена од физичко или правно лице, како и дека начинот на работа и постапката пред Уставниот суд се уредуваат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство.