Технологија „Филе“ успешно слета на комета

„Филе“ успешно слета на комета

Одвојувањето на роботот „Филе“ од Европскиот сателит „Розета“

Европската вселенска агенција потврди дека роботот „Филе“, кој беше ослободен од сателитот „Розета“, слета на кометата „67Р Чурјумов-Герасименко“. Сега научниците очекуваат од „Филе“ прво да испрати панорамска слика, па потоа да почне со анализирање на кометата и да праќа податоци на Земјата.
Научниците ќе добијат важни информации од кометата која е голема маса мраз и прав оддалечена околу 510 милиони километри од Земјата и крие клучни податоци за изворните материи што го формирале Сончевиот систем пред повеќе од 4,5 милијарди години. Со анализа на овие материи може да се дознае многу за потеклото на нашата планета.
„Розета“ од Земјата го почна своето патување пред десет години, а мисијата досега чинеше 1,3 милијарди евра.