Свет Европа Условна слобода за Пучдемон и за неговите соработници

Условна слобода за Пучдемон и за неговите соработници

Сменетиот каталонски претседател, Карлес Пучдемон, и четворица министри денеска се пуштени на условна слобода, но не смеат да ја напуштат Белгија, соопштија денеска белгиските власти.

Белгиските власти ги сослушале поранешениот каталонски лидер и неговите најблиски соработници, кои претходно доброволно се предадоа откако Шпанија издаде европски налог за нивно апсење.

Пучдемон и неговите соработници ќе мора да се појават пред судот, кој ќе го разгледа барањето на Шпанија за нивна екстрадиција.