Култура Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

Самостојна изложба на реномираниот македонски уметник Сергеј Андреевски беше отворена во галеријата МКД во Љубљана. Претставени се 20 дела за кои критика напиша словенечката уметница и писателка Ева Петрич.

– Во мигов кога ја отвораме изложбава, во Македонија се закажани протести. Изложбава им ја посветувам на студентскиот и на средношколскиот пленум, токму ним, на младите кои покажаа дека се независни и подготвени да се изборат за вистинските вредности во општеството. Тие се нашиот потенцијал – изјави уметникот Сергеј Андреевски на отворањето на изложбата.

Во таа пригода, Андреевски истакнал дека се надева оти младите нема да ја напуштат Македонија и дека од дома достојно ќе ја претставуваат и ќе се натпреваруваат со светот.