Економија Умерен пораст на девизните резерви и покрај очекувањето за нивно намалување

Умерен пораст на девизните резерви и покрај очекувањето за нивно намалување

Последните податоци за девизните резерви заклучно со март, покажуваат умерен пораст од почетокот на 2016 година, наспроти очекувањата за нивно намалување во рамки на октомвриската проекција, информираат од Народна банка.

– Анализата на показателите на адекватноста на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурната зона. На девизниот пазар беа остварени стабилни движења, при што дел од нето-продажбата на девизи за потребите на компаниите беше надоместена со повисоката понуда на девизи од менувачкото работење, особено во периодот на католичкиот Велигден. Пораст забележа и понудата на девизи на  меѓубанкарскиот девизен пазар, каде што девизниот курс умерено се намали – се вели во соопштението на Народна банка.