Свет Европа Украинската жена-пилот го прекина штрајкот со глад

Украинската жена-пилот го прекина штрајкот со глад

Украинската жена-пилот Нада Шевченко, денеска по препорака на лекарите го прекина 83-дневниот штрајк со глад, кој го почна во рускиот затвор.

Шевченко, во писмото што протече во јавноста, вели дека го прифатила советот на лекарите и одлучила да ја измени „досегашната тактика за да остане во живот“.

Одлуката за прекинот на штрајкот следува по тврдењата на украинските власти дека „нејзината состојба е критична“ и дека „се бори за живот“. Официјална Москва веднаш ги отфрли ваквите тврдења, наведувајќи дека тоа се измислици.

Шевченко, која се товари за убиство на двајца руски новинари во Источна Украина и која присилно е внесена во Русија, од декември штрајкуваше со глад. Таа, на инсистирање на Москва, беше изземена од спогодбата во Минск, со која се предвидува размена на воени заробеници.