Економија Украина побара од Русија пониска цена на гасот

Украина побара од Русија пониска цена на гасот

Украина бара од Русија да ѝ ја продолжи испораката на гас по пониска цена до крајот на годината, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

Кон крајот на октомври, Русија и Украина, со посредство на Европската комисија, го усвоија зимскиот пакет за гас, кој истече на 31 март. Според тој пакет, Русија ѝ испорачуваше гас на Украина по пониска цена, под услов да плати авансно и делумно да го исплати долгот на „Нафтогас“.

„Газпром“ и „Нафтогас“ на 1 април потпишаа дополнителен договор за испорака на гас на Украина во вториот квартал.