Економија УЈП со привремени канцеларии за пристап до услугите

УЈП со привремени канцеларии за пристап до услугите

Од 20 април почнуваат градежни активности за реновирање на приземјето на Управата за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, каде што е планирано да се наоѓа новиот контактен центар на УЈП, соопштија од УЈП, пренесува „Правдивко“.

„Обврзниците кои се администрираат од Регионална дирекција Скопје, за времетраење на градежните активности, препорачуваме да ги користат електронските услуги на УЈП, како и даночните канцеларии определени според тип, односно вид на услуга“, пишува во соопштението на УЈП.

На оваа табела можете да ги видите даночните канцеларии определени според тип, односно вид на услуга.