Дописници Ученици по потекло од Голо Брдо образованието го продолжуваат во Охрид

Ученици по потекло од Голо Брдо образованието го продолжуваат во Охрид

Ученици, етнички Македонци со завршено основно образование, а кои се по потекло од Голо Брдо, во сè поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид. Некои тука продолжуваат и на факултет, а други се запишуваат во Битола, Прилеп или Скопје.

Оваа училишна година, средношколците Бриланд Кадриу, Микел Уручи, Хајдар Ценај, Ерлинд Тафај и Леонард Алуши ја посетуваат наставата во економското, медицинското и во угостителското училиште. Велат дека се многу задоволни од учењето и од однесувањето на професорите.

Учениците ги посети претседателот на разгранокот од Голо Брдо на Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, Ули Халилај, кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид.

– И во  ова пригода ја нагласивме заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во Република Македонија за да се образуваат во матичната држава – вели Халилај.