Свет Свет Убиени стотина припадници на ИД во Сирија

Убиени стотина припадници на ИД во Сирија

Најмалку 100 војници и борци на Исламска држава се убиени во последните 24 часа во жестоките судири на северот на Сирија, јавуваат активисти.

Интензивните судири траат откако провладините сили влегоа во воздухопловната база која долго време беше под опсада на ИД, објави Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Во соопштението се додава дека повеќето убиени се милитанти на Исламска држава, а потоа следат припадниците на владините сили и нивните сојузници.

Уривањето на опсадата на воената база е најзначајна воена победа на сириските сили откако Русија на 30 септември ги почна воздушните напади на милитантите во Сирија.