Свет Европа Уапсени терористи кои подготвувале напади во Москва

Уапсени терористи кои подготвувале напади во Москва

Руската служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека уапсиле членови на терористичка група која во Москва и регионот подготвувале серија напади.

„ФСБ спречи активност на терористичка група која планирала серија терористички напади на јавни места, вклучувајќи и големи трговски центри. Групата врши самоубиствени напади со силни експлозиви“, стои во соопштението на ФСБ.

Како што се наведува, во специјалната операција е уапсен и организаторот на нападот, припадник на Исламска држава, кој е специјалист за правење експлозиви, како и двајца терористи -самоубијци.