Свет Европа Уапсени припадници на ИД во Москва

Уапсени припадници на ИД во Москва

Руските власти во Москва уапсиле двајца осомничени припадници на Исламска држава, кои би можеле да бидат осудени на казна до 10 години затвор ако бидат прогласени за виновни, соопшти денеска судот во рускиот главен град.

– Судот го одобри барањето за апсење на Ахмед Амирханов и на Керим Хатиј од 23 септември – соопшти московскиот суд.
Двајцата се осомничени за членство во илегална вооружена група.

Истражителите наведуваат дека лицата, кои се уапсени на 23 септември, учествувале во вооружениот конфликт во Сирија.

Околу 2.500 руски државјани и 7.000 државјани од другите членки на Заедницата на независни држави учествувале во борбите во Ирак и во Сирија на страната на ИД.

Руските претставници велат дека лицата кои регрутираат борци особено внимание им посветуваат на тешко пристапните населени места и на селата, во кои младите немаат многу шанси за подобра иднина.