Свет Европа Уапсени две лица во Русија поради регрутирање терористи

Уапсени две лица во Русија поради регрутирање терористи

Две лица се уапсени во Русија поради сомнение дека регрутирале терористи од Централна Азија, јавуваат руските медиуми, додавајќи дека лицата се поврзани со неодамнешниот терористички напад во метрото во Санкт Петербург.

Еден осомничен е обвинет дека регрутирал за ИД, а другиот за терористички организации во Сирија.

Досега, по нападот во метрото во Москва и во Санкт Петербург се уапсени осум луѓе од Централна Азија.