Свет Балкан Уапсен маж кој пукал кај судот во Анкара

Уапсен маж кој пукал кај судот во Анкара

Анкарската полиција уапси маж кој во близина на зградата на судот, каде се спроведува сослушувањето на приведените генерали за пучот, отворил оган, јавуваат турските медиуми.

Интервенцијата ја спровеле припадниците на специјалните единици со помош на оклопни возила.

Според информациите на локалните медиуми, напаѓачот носел воена униформа и веќе е почната потрага и по евентуални негови соучесници.