Македонија „Тврдокорни“: Со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата

„Тврдокорни“: Со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата

Здружението „Тврдокорни“ и Македонските обединети сили (МОС) заедно со уште неколку здруженија, денеска одржаа протест пред македонското собрание против законот за јазиците.

Тие порачаа дека нивните непријатели се во Собранието и Владата затоа што тие 27 години го уништуваат сопствениот народ. Според нив со двојазичноста се губи македонскиот карактер на државата, се губи и самата држава која дефакто станува трета албанска држава на Балканот.

Претставник на здружението „Тврдокорни“ ги читаше пратениците кои гласале за законот за употреба на јазиците и повика на масовен протест. Тие посакаа 1 милион Македонци да излезат на улица и да кажат доста на продавањето на националните интереси.

Според нив необјасниво е албанскиот јазик да биде службен јазик во Гевгелија, Валандово, Струмица, Кочани, Штип, Радовиш, Берово, Крива Паланка, а замеруваат и за тоа што власта ветувала дебати за се, сега ја суспендирала демократијата туркајќи го законот со европско знаменце.

По завршувањето на протестот, демонстрантите запалија знаме на Европската Унија.