Свет Свет Турција тврди дека руски бомбардер „су-34“ ѝ упаднал во воздушниот простор

Турција тврди дека руски бомбардер „су-34“ ѝ упаднал во воздушниот простор

Турција тврди дека руски борбен авион „су-34“ го нарушил турскиот воздушен простор и поради тоа е повикан рускиот амбасадор во Анкара.

Како што се наведува во соопштението на турското министерство за надворешни работи, пилотот на рускиот авион е предупреден на руски и на англиски јазик пред да влезе во воздушниот простор на Турција.

Турција тврди дека инцидентот со рускиот авион се случил на 29 јануари.

Министерството ја обвини Русија за ескалација на тензиите и предупреди дека Москва ќе биде одговорна за евенуталните лоши последици.

Тензијата помеѓу Русија и Турција ескалираше во ноември минатата година, кога турските безбедносни сили урнаа руски воен авион „су-24“ на границата со Сирија.