Македонија Турција покрена истрага против лидерот на прокурдската партија

Турција покрена истрага против лидерот на прокурдската партија

Турските правосудни органи денеска почнаа истрага против лидерот на прокурдската партија, Селахатин Демиртас, „поради нарушување на јавниот ред и мир и поттикнување насилство“.

Истрагата против Демиртас се однесува на октомври 2014 година, но доаѓа сред турската офанзива против Работничката партија на Курдистан (ПКК) во Ирак.

Демиртас се соочува со затворска казна до 24 години, доколку судот го прогласи за виновен. Тој раководи со Народната демократска партија (ХДП), која ѝ нанесе тежок удар на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, влегувајќи на политичката сцена по парламентарите избори.

Ердоган оттогаш ги обвинува дека го поддржуваат тероризмот.

Демиртас во октомври 2014 година го предводеше протестот поради тоа што турските власти не им даваат поддршка на Курдите во Сирија кои се под удар на Исламска држава.