Свет Балкан Турската полиција уапси Јапонец кој сакал да се приклучи на ИД

Турската полиција уапси Јапонец кој сакал да се приклучи на ИД

Турската полиција уапсила јапонски државјанин кој се обидел да ја премине границата со Сирија за да се приклучи на Исламска држава, соопшти денеска претставник на турското министерство за внатрешни работи.

Лицето е пресретнато на пат кон сирискиот град Јарбулс, кој е под контрола на ИД, и во моментов е во притвор. Полицијата соопшти дека кај себе имало јапонски пасош и дека на сослушувањето рекло дека сака да ѝ се приклучи на ИД.

Јапонските власти потврдија дека нивен државјанин се наоѓа во притвор во Турција и оти чекаат информации за случајот.

Уапсениот Јапонец М.М. (24) контактирал со терористите на ИД преку социјалните мрежи.

Турската полиција уапсила во близина на границата со Сирија уште пет странски државјани кои планирале да им се приклучат на екстремистите.