Дописници Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред празникот

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред празникот

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред првомајскиот празник. Туристите од Далечниот Исток го посетија градот во рамките на т.н балканска тура.

На почетокот на мај, охриѓани и стружани ги очекуваат првите организирани посети на туристи од Холандија со чартер-летови, со што и официјално ќе биде отворена новата сезона за која предвидувањата се добри.

Охридското Езеро, пак, го разубавија и четири млади лебеди.