Македонија Црногорскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Црногорскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Црногорскиот министер за надорешни работи и за евроинтеграции, Игор Лукшиќ, денеска е во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега, Никола Попоски.

Попоски и Лукшиќ ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка, а се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и за регионални безбедносни предизвици.

Двајцата министри ќе потпишат меморандум за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.