Македонија „Цивил“: СДСМ веднаш да ги објави сите податоци за корупција во власта

„Цивил“: СДСМ веднаш да ги објави сите податоци за корупција во власта

Центар за слобода со изненадување и со огорченост го следи најновиот развој на настаните поврзан со кривичните пријави и со апсењата во рамките на полициско-политичката и медиумска операција „Пуч“, под диригентската палка на премиерот и на полицијата.

„Ова е уште една од низата акции на власта, која својата моќ ја практикува под, најблаго кажано, крајно сомнителни изговори. Такви се и изговорите на премиерот, кој ги обвини и, воедно, им пресуди на опозиционерите за пуч и за соработка со странски тајни служби. Во спрега со медиумските послушници и со дежурните апологети на власта, се внесува страв и несигурност, а земјата се турка во уште подраматична политичка, па и во безбедносна криза. Бројот на политичките затвореници во Македонија континуирано се зголемува. Се суспендираат владеењето на правото и демократијата. Бараме од опозицискиот СДСМ веднаш да ги објави сите податоци за коруптивни и за други практики на власта, за кои тврди дека ги поседува, а со тоа да ѝ стави крај на неизвесноста што трае со месеци. Бараме од власта веднаш да престане со полициско-медиумската хајка против тие што размислуваат поинаку“, стои во соопштението на „Цивил“.