Македонија Трудница во петти месец од бременоста искрварела до смрт на Клиниката за...

Трудница во петти месец од бременоста искрварела до смрт на Клиниката за гинекологија

Трудница во петтиот месец од бременоста починала од крварење на скопската клиника за гинекологија, јавува „Нова ТВ“.

Настанот го потврдија од МВР, кои велат дека вчера, во 21 часот, од Клиничкиот центар добиле известување дека починала пациентка на 38-годишна возраст.

Од Клиниката за гинекологија не го коментираат настанот, но за подоцна најавија соопштение за јавноста. Од Министерството за здравство, пак, велат дека не се запознаени за случајот.