Македонија ТРТ ќе отвори претставништво во Скопје

ТРТ ќе отвори претставништво во Скопје

Турската радио-телевизија (ТРТ) ќе отвори свое претставништво во Скопје.

Генералниот директор, Шенол Ѓока, кој престојува во посета на Македонија, во Македонската радио-телевизија (МРТ) се сретна со вршителот на должноста генерален директор, Харун Ибрахими.

Шенол Ѓока во рамките на посетата се сретна и со раководниот кадар и со вработените во емисиите на турски јазик на Македонската радио-телевизија, од чија страна беше информиран за содржината на емисиите.