Свет Балкан Тројца мажи убиени во Тирана

Тројца мажи убиени во Тирана

Во престрелка со огнено оружје во центарот на Тирана, убиени се тројца мажи.

Пукањето се случило ввчеравечер, на централниот булевар Зога и Пара.

Било стрелано од автоматска пушка врз џип „туарег“, во којшто биле тројца мажи.

Еден од нив бил убиен на самото место, додека другите двајца се ранети при обид да побегнат со возилото, а починале на пат кон болница.

Полицијата во Тирана уапсила двајца осомничени за нападот, а уште тројца се осомничени дека им помагале на напаѓачите.