Спорт Триумф на Хамилтон во Шангај

Триумф на Хамилтон во Шангај

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја обезбеди третата победа сезонава во Формула 1 на трката за Големата награда на Кина.

Бранителот на титулата во Шангај се избори за втората победа сезонава, а 35. во кариерата откако возеше за нешто повеќе од половина секунда побрзо од тимскиот колега, Германецот Нико Розберг, заокружувајќи ја победата за тимот на Мерцедес.

На третото место на победничкиот подиум се искачи уште еден Германец, но од тимот на Ферари, Себастијан Фетел.