Македонија Триесет дена притвор за новите двајца осомничени во „Пуч“

Триесет дена притвор за новите двајца осомничени во „Пуч“

Судија на претходна постапка им одреди триесет дена притвор на 52-годишниот Ѓ.Л., вработен во Министерството за внатрешни работи, и на З.К. (49), поранешен полициски службеник, кој добил отказ во 2013 година, а кои вчера беа уапсени во рамките на случајот „Пуч“.

Како што вчера информираа од МВР, двајцата осомничени биле ангажирани и работеле во корист на странска служба, преземајќи активности и чекори за кои биле богато финансиски наградувани.

Осомничени во случајот „Пуч“ се поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, неговата сопруга и службеник во Општината Струмица, кои се во притвор, како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тие се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.