Македонија Трибина на СДСМ: Амди Бајрам носел мртви души на гласање

Трибина на СДСМ: Амди Бајрам носел мртви души на гласање

На вечерашната трибина на СДСМ во „Универзална сала“, презентиран беше и разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорничка во врска со избирачки места каде има луѓе од Пустец, како и за луѓе од Гази Баба и од Кавадарци кои се дојдени да гласаат во Центар.

Во втората аудиоснимка од овој блок, Јанакиески и Јанкулоска зборуваат за тоа како Амди Бајрам земал идентитети од умрени и нашол луѓе да гласаат за нив. Јанкулоска вели дека без нив во Куманово не може да се победи.

Во третата снимка, пак, Миле Јанакиески со соговорникот се договараат да се повлечат од општина Центар. Зборуваат за 135 луѓе со кои треба да се реши проблемот.