Свет Свет Трамп: Ќе ги задржам санкциите кон Русија уште извесен период

Трамп: Ќе ги задржам санкциите кон Русија уште извесен период

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе ги задржи воведените санкции против Русија уште извесен период.

– Доколку се согласуваме и доколку Русија навистина ни помага, зошто некој би вовел санкции ако некој навистина прави добри работи – изјави Трамп во интервју за „Вол стрит џурнал“.

Трамп рече дека можеби ќе ги повлече санкциите кои администрација на Барак Обама ги воведе поради наводните сајбер-напади, доколку Москва покаже дека е од помош во борбата со тероризмот и достигнувањето на целите важни за Вашингтон.

Новоизбраниот американски претседател наведе дека е подготвен за состанок со рускиот претседател Владимир Путин по неговото инаугурирање на 20 јануари.