Македонија Трактор пригмечи девојче од Неготино, кое подлегна на повредите

Трактор пригмечи девојче од Неготино, кое подлегна на повредите

Шестгодишно девојче од Неготино починало откако, играјќи си во дворот на семејната куќа, било пригмечено од трактор.

Додека девојчето си играло во дворот, се качило на тракторот, при што механизацијата била потпрена на бетонско ѕитче и не била стабилна. Во еден момент механизацијата паднала и го потиснала девојчето.

Повреденото дете било пренесено во Општата болница Велес, но поради сериозноста на повредите починало. По овластување на јавен обвинител, увид на самото место изврши увидна екипа од полициската станица Неготино.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете ќе биде предадено на семејството.