Македонија Дератизацијата да се почне во ист период во цело Скопје

Дератизацијата да се почне во ист период во цело Скопје

На денешната 15. седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, се дискутирало за данокот на имот, за процесот на подготовка на регулациони планови и за спроведување на дератизација на територијата на Град Скопје.

– Спроведувањето на дератизацијата на територијата на Град Скопје е надлежност на општините, додека Градот Скопје е надлежен за спроведување на дезинсекција. Оваа година Градот Скопје ќе ја преземе обврската за координација на дератизацијата во Скопје, поточно ќе го координира процесот за истиот да почне во ист период во целиот град, со што ќе се максимизира ефектот од оваа активност. Координативното тело на градоначалници донесе заклучок сите оние општини што ги немаат почнато тендерските постапки за избор на изведувач на дератизацијата, истите да ги почнат веднаш и да ги завршат најдоцна до 15 април – изјави градоначалникот Трајановски.