Македонија Трајанов ја даде на Уставен суд одлуката за распуштање на Собранието

Трајанов ја даде на Уставен суд одлуката за распуштање на Собранието

Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, денеска до Уставниот суд достави Демократскиот сојуз.

– Не само што се работи за необмислен потег, досега непознат во историјата на парламентарното работење, туку со него директно се крши и Уставот на Република Македонија, односно одредбата од член 63, став 3, во кој децидно е наведено дека „избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието“. Спротивно на уставните одредби, законодавниот дом прибегна кон донесување одлука заснована на „неопходноста од целосна имплементација на законите усвоени од Собранието на РМ, а во насока на конечно завршување на политичката криза и исполнување на чекорите што политичките партии ги презедоа, заради воспоставување стабилни односи во политичките процеси, економскиот напредок на РМ и исполнување на евро-атланстките-перспективи – вели лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Тој наведува дека без поголеми напори, може да се дојде до констатација дека ако предметната одлука (за распуштање на парламентот) е изгласана на 18 јануари 2016 година, тоа би значело дека предвремените избори за пратеници би требало да се спроведат на 19 март 2016 година.