Македонија Трајанов бара да се укине плаќањето на радиодифузна такса

Трајанов бара да се укине плаќањето на радиодифузна такса

Демократскиот сојуз смета дека во рамки на разговорите за реформа на медиумската сфера, неопходно е да се разработи концепт за целосна трансформација на Македонската радио-телевизија, користејќи ги светските искуства, при што државните радио и телевизија да прераснат во модерни информативни медиуми и да се обезбеди стабилно финансирање, главно преку буџетот.

– Во услови на голем број медиуми (радија и ТВ-станици), граѓаните не треба да плаќаат радиодифузна такса. ДС смета дека нема потреба граѓаните и компаниите и понатаму да ја финансираат политичката кампања на партиите на власт, преку плаќање радиодифузна такса од 190 денари – велат од ДС.

Од партијата најавуваат дека наскоро ќе предложат промени во соодветните закони.