Македонија Tрадиционален работен ручек на Иванов со амбасадорите од Вишеградската група

Tрадиционален работен ручек на Иванов со амбасадорите од Вишеградската група

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска ќе го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.

На средбата ќе присуствуваат амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски, амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Рамеш, амбасадорот на Словачката Република, Мартин Безак и амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.