Свет Топлотен бран во Пакистан однесе 224 жртви

Топлотен бран во Пакистан однесе 224 жртви

Најмалку 224 лица починале поради високата температура што ги погоди Карачи, најголемиот град во Пакистан, и други области во јужната провинција Синд.

Според здравствените работници, најмногу луѓе  починале во Карачи, град од 20 милиони жители, каде минатите неколку дена температурата достигнала до 45 Целзиусови степени.

Во јуни 1979 година во тој град е регистрирана температура од 47 степени, што е рекордна температура за тој град.

Метеоролозите предивидуваат дека во наредните 24 часа ќе биде исто толку топло и со зголемена влажност на воздухот, а освежување се очекува до крајот на неделата.