Македонија ТМРО: СДСМ нема мандат да ги направи парите двојазични

ТМРО: СДСМ нема мандат да ги направи парите двојазични

СДСМ нема легитимитет да договара промена на банкнотите и на монетите и нивна замена со нови, испишани двојазично, односно и на албански јазик, реагираат денеска од ТМРО.

„Го повикуваме СДСМ, да ја потврди или да ја негира синоќешната изјава на Бујар Османи дека е постигнат договор за двојазични банкноти. Секој обид за промена на идентитетот на македонската држава без мандат, а таков СДСМ нема, ќе доведе до масовна и неконтролирана реакција на македонскиот народ и до спречување со сите средства на какво било редефинирање со кое се урива унитарниот карактер на македонската држава“, стои во реакцијата на ТМРО.

Од партијата ги повикуваат Јавното обвинителство и претседателот Ѓорѓе Иванов, во согласност со законските овластувања, да го спречат уривањето на унитарниот карактер на Република Македонија.