Хроника Тинејџерка во Тетовско паднала од автобус и добила скршеница на черепот

Тинејџерка во Тетовско паднала од автобус и добила скршеница на черепот

Скршеница на черепот добила 17-годишна девојка од селото Боговиње вчера попладне, откако паднала од автобус во движење, соопшти СВР Тетово.

Девојката била донесена вчера, во 15.20 часот, во Клиничката болница – Тетово, при што лекарите утврдиле фрактура на черепот. Потоа поради тежината на повредите е пренесена во Ургентен центар во Скопје.

Случајот во полиција го пријавил возачот на автобусот околу половина час откако девојката била однесена во тетовската болница. Полицијата и јавен обвинител работат на утврдување на околностите.