Хроника Tинејџер ранет во Брњарци, полицијата вели – од залутан куршум

Tинејџер ранет во Брњарци, полицијата вели – од залутан куршум

Тинејџер ноќеска во селото Брњарци добил куршум во десната натколеница, соопшти СВР Скопје, велејќи дека станува збор за заталкан куршум.

Инцидентот се случил во 1.15 часот, кога 17-годишен малолетник од Стајковци бил во Брњарци, по што бил ранет. Потоа е пренесен во Хируршката болница „Свети Наум Охридски“, каде е утврдена огнострелна рана, односно тешка телесна повреда, и е задржан на лекување.

Полицијата вели дека се работи на расчистување на случајот.