Македонија Тимот што трансплантираше црн дроб еден од добитниците на Државната награда „23...

Тимот што трансплантираше црн дроб еден од добитниците на Државната награда „23 Октомври“

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се додели на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател

Медицинскиот тим аплаудира по завршувањето на успешната трансплантација на црн дроб. Фото: Министерство за здрвство (Фејсбук)

Тимот што трансплантираше црн дроб на крајот на минатата година за првпат во земјава, ја доби Државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерството за култура.

Признанието на тимот составен од проф. д-р Зоран Караџов, проф. д-р Светозар Антовиќ, доц. д-р Бети Тодоровска, прим. д-р Татјана Спировска и проф. д-р Маја Мојсова Мијовска ја доби наградата во категоријата „Наука и образование“.
Вториот добитник на Државната награда „23 Октомври“ во оваа категорија е универзитетскиот професор д-р Африм Османи.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се додели на проф. м-р Роберт Јанкулоски, визуелен уметник и на Блаже Миневски, писател.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври во 12 часот во Собранието.