Македонија Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Тетовци протестираа против загадувањето од „Југохром“

Околу 200 граѓани, со заштитни маси на лицата и со пароли „Стоп за еколошкиот геноцид“, денеска протестираа пред комбинатот „Југохром“, објави „Нова ТВ“.

Организатор на протестот е движењето „Еко герила“, чии членови уште еднаш побараа од раководството на комбинатот да постави филтри на оџаците.

– Протестираме против загадувањето на воздухот во Тетово од страна на комбинатот „Југохром“, кој секојдневно ги труе тетовци. Тука сме да побараме од нив да постават филтри и нема да се откажеме од нашите барања – изјави Аријанит Џафери, претседател на движењето „Еко герила“.

Учесниците на протестот најавија вакви собири и за наредниот период.

Поради непочитувањето на законскиот рок за поставување на филтри, „Југохром“, по налог на Владата, работи со половина капацитет, но воздухот во Тетово сè уште е многу загаден.