Македонија ТАВ: Од понеделник патниците да доаѓаат на аеродром 3 часа пред летот

ТАВ: Од понеделник патниците да доаѓаат на аеродром 3 часа пред летот

Од 9 октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, Меѓународниот аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж

Фото: Меѓународен аеродром Скопје

Почнувајќи од 9 октомври (понеделник), до крајот на ноември 2023 година, Меѓународниот аерoдром Скопје ќе се врши надградба на системот за ракување со багаж.

Од тие причини, од Меѓународниот аеродром Скопје апелираат до сите патници кои ќе патуваат во наведениот временски период, преку Меѓународниот аеродром Скопје, да пристигуваат на аеродромот, односно на шалтерите за пријавување патници и багаж, 3 часа пред планираното време на полетување.