Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола.
Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013 година. Тужбата на Талески против новинарката, судот ја отфрли како неоснована, а таа стана правосилна откако градоначалникот не поднесе жалба.
Судот, повикувајќи се на одредбите од Европската конвенција за човекови прави и слободи и земајќи ја предвид практиката на Европскиот суд за човекови права, на градоначалникот Талески му препорачува како носител на јавна функција да биде подготвен да трпи поголема толеранција во критиките.
Во пресудата стои дека „впрочем, тоа што тужителот смета дека тужените новинари
Што се однесува до напишаниот текст од новинарката Блажевска, судот во пресудата заклучил дека таа известувала за прашања од јавен интерес поврзани со работата на локалната самоуправа и дека не постои одговорност ниту за навреда, ниту за клевета.
За Филип Медарски, адвокат на новинарката, судот има донесено правилна одлука.
– Оваа одлука е правилна затоа што е темелена на стандардите на Европската унија. Добро е што нашите судови ги земаат предвид овие стандарди и што е видливо нивното применување – изјави Медарски за „Мета“.
Не успеавме да добиеме коментар од градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, и покрај нашето инсистирање.