Култура „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка

„Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка

Филмскиот проект „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставревски доби финансиска поддршка од Мрежата на филмски институции од Југоисточна Европа (SEE Cinema Network).

Одлуката за финансирање на филмот е донесена на 24. Генерално собрание на Мрежата на филмски институции од ЈИЕ, што се одржа денеска во Солун, а на кое учествуваа претставници од земјите-членки на мрежата, соопшти Агенцијата за филм на Република Македонија.