Спорт Тајна седница на ФИФА за смена на Блатер

Тајна седница на ФИФА за смена на Блатер

Тајна седница на раководството на Светската фудбалска федерација (ФИФА) со нејзиниот актуелен претседател Сеп Блатер се одржала во седиштето во Цирих, објави „Би-Би-Си“.

Според медиумот, на седницата на која учествувале претставници на фудбалските конфедерации, водени се тајни преговори околу иднината на Блатер и тоа дали тој и натаму треба да остане претседател на ФИФА.

Блатер (78) веќе потврди дека има намера да се кандидира петти пат за претседателската функција, тврдејќи дека уште сега ја има подршката на пет од шесте конфедерации кои се конститутивен дел на ФИФА.