Македонија Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

Таблет-компјутерите за студентите на собраниска седница

На дневниот ред на денешната 40. собраниска седница е предлог-законот за издавање вредносни бонови, по скратена постапка.

Со законот се предлага издавање вредносни бонови за таблет-компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните бруто-приходи не го надминуваат износот од 32.741 денар и кои првпат се запишани во трета и во четврта година на студии на високообразовните установи, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби, запишани во која било година на студии.

Предлогот за донесување на законот, меѓу другото, се смета дека е директна стимулација за компаниите од ИТ-секторот.

За спроведување на овој закон се потребни 96.000.000 денари, средства кои се обезбедени од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација.

Пратениците ќе расправаат и за Законот за административни службеници и за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.